25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ и Мицкоски се светски прваци по немање став

-ДПМНЕ и Мицкоски се светски прваци по немање став, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ и Мицкоски, немаат јасен и конзистентен став за ниту едно прашање, ниту пак за клучните стратешки прашања.

ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат, но Мицкоски, нема став, не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ.

ДПМНЕ беше против Францускиот предлог, а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

ДПМНЕ спроведуваше активна блокада на Собранието за време на најголема светска енергетска криза. Немаа став зошто.

ДПМНЕ велеше дека прифаќаат учество во Влада со единствен услов без ДУИ, ете ги седат во Влада со ДУИ.

ДПМНЕ предложи министри за учество во техничката Влада но пратениците на ДПМНЕ не ги гласаа во македонското Собрание, немаа став.

ДПМНЕ велеше дека нема да учествува во техничка Влада, ете ги седнаа во Влада со премиер Талат Џафери.

ДПМНЕ се светски прваци по немање став.“ – се вели во соопштението на СДСМ.