25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Привремен режим на сообраќај на улицата Александар Урдаревски

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје ги известува граѓаните дека на 8.2.2024 година, четврток, ќе врши градежни активности за асфалтирање на коловозната површина на улицата Александар Урдаревски во насока од крстосницата со улицата Боца Иванова до улицата Нов живот, односно од првата улица за влез во гробиштата „Бутел“, потег што завршува до улицата Нов живот, во рамките на границите на ГУП во согласност со одобрениот сообраќаен проект.

„Поради изведба на градежните активности за асфалтирање, кое ќе се одвива во периодот од 9 до 17 часот, ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот, кој ќе биде комплетно затворен и пренасочен преку скопската обиколница, со соодветна сообраќајна сигнализација“, велат од јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје.