5.8 C
Скопје
4. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Земјотресот од Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Земјотресот што утрово ја погоди Албанија, бил почувствуван од населението во Охрид и Кичево.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека поресот се случил во 6 часот и 32 минути, со епицентар на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3.6 степени.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за штети.