22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Бочварски: За транспортните компании приоритет е побрз проток на стоки и патници, токму затоа воведуваме Национален едношалтерски систем

Често сум имал средби со транспортните компании кои ги користат граничните премини и се отварало прашањето за побрз проток на возила и патници, а нашите компании да бидат поконкурентни, а товарот побрзо да стигне на европскиот пазар. Токму затоа министерството за транспорт и врски е максимално вклучено во овој процес преку реализација на тендери кои ќе овозможат побрза имплементација на системот, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната промоција на проектот за едношалтерски систем.

-Целта на воведувањето на Националниот едношалтерски систем е поголема конкурентност на нашите компании и олеснување на процедурите за транспорт, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната промоција на проектот за едношалтерски систем, додаде тој.

Бочварски појасни дека за имплементација на овој проект значи синхронизација на 16 институции, а вредноста на тендерот е 54-ипол милиони евра. Една од компонентите е реализација и избор на изведувач во вредност од еден милион евра за поставување на камери на сите гранични премини, кои ќе овозможат полесно препознавање на таблиците и побрза комуникација меѓу совтферите и работата на граничните премини.

– Реализацијата е планирана за првиот квартал во 2024 година и ќе олесни многу во животот на граѓаните и компаниите, додаде Бочварски.

Тој посочи дека вториот дел од задачата на Министерството за транспорт и врски е инсталција на интелигентен транспортен систем по коридорот 10, од Богородица до Велес, додека пак втората фаза е од Велес до Табановце. Исто така ќе се работи и на Коридорот 8 за олеснување на протокот стои и патници.

– Паралелно работиме и на рехабилитација на сите патишта кои водат кон граничните премини и тоа Крива Паланка- Деве Баир и Скопје-Балце, потоа од Струга до Ќафасан и Битола-Меџитлија, бидејќи тоа е првата слика која граѓаните ја гледаат кога влегуваатб во нашата држава, а овие политики и мерки ќе донесат олеснување за нашите компании.

Можеби ќе ве интересира

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 243 контроли за фискализација, казнети 91 дуќан кај кои биле утврдени неправилности

ДЕСК

„Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност“

ДЕСК

„Во сенка“ – краток филм на Халкбанк за мирот, радоста и убавината што ја дарува зеленилото

ДЕСК