10. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Андонов: Клучни за економскиот развој на државата се и државните и приватните инвестиции во енергетиката

„Државата треба да се развива и ние имаме две стратегии, едната во 2010 и 2019 година, и во двете стратегии за развој, па дури и во таа во 2010 година каде што и проф. Димитров учествувал, пишува дека дел од објектите треба да бидат изградени од приватен сектор. И во таа од 2010 година пишува дека Чебрен и Галиште треба да бидат дадени и реализирани по пат на концесија. И во документот од 2019 година, пишува дека не може да се направи, да се изгради одржлив енергетски сектор без учество на приватниот сектор. Сега во парламентот е доставена Стратегија за национален развој на Северна Македонија за наредните 20 години. Во сите поглавја пишува дека клучно за економски развој на државата е приватниот и државниот сектор,“ потенцираше Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.