22.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Времен режим на сообраќај на улица Александар Урдаревски за четврток

Јавното претпријатие Улици и патишта-Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 08.02.2024г./четврток/ ќе врши градежни активности за асфалтирање на коловозната површина на улицата Александар Урдаревски во насока од крстосницата со улица Боца Иванова до улица Нов Живот, односно од првата улица за влез во гробишта„Бутел“ потег кој завршува до ул. „Нов Живот“ во рамки на границите на ГУП согласно одобрениот сообраќаен проект.

Поради изведба на градежните активности за асфалтирање кое ќе се одвива во периодот од 9:00часот до 17:00часот ќе биде воведен времен режим на сообраќајот кој ќе биде комплетно затворен и пренасочен преку скопската обиколница, со соодветна сообраќајна сигнализација.