Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен турски државјанин поради криумчарење

На 06.02.2024 во 05.00 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Е.О.(58) од Република Турција. При контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, во багажниот простор биле пронајдени 20 пакети и 28 кутии различни производи, кои подлежат на царинска контрола, а за кои не поседувал никаква документација, соопшти МВР.

Пронајденото било одземено,а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Закани за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни

ДЕСК

Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија, порача Касами

ДЕСК

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК