Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: СДСМ од секогаш била отворена за коалицирање со партии со кои делиме исти вредности и изборни програми во интерес на државата

Јасно е според последните политички случувања дека проевропските сили во политичките субјекти ќе си бараат свои сојузници на претстојните избори. Како што наближува датумот за распишување на изборите станува сè поочигледно дека на овие избори ќе има две дијаметралн спротивни понуди, од кои ќе зависи правецот на развој и иднината на државата во следните 10 години, вели Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за Прес 24.

Таа потенцираше дека СДСМ од секогаш била отворена за коалицирање со партии со кои дели исти вредности и изборни програми во интерес на државата и граѓаните.

„Нормално е, а и природно проевропски ориентираните политички партии да застанат на иста страна, во одбрана на стратешките интереси на граѓаните, а тоа е нашето членство во најсилните и најдемократски сојузи во светот, ЕУ и НАТО. Ние сме во интензивни разговори со сите наши коалициски партнери, како и со други политички субјекти кои немаат дилема околу европската интеграција – ги следиме анализите, бројките, очекувањата на граѓаните и сметам дека заедно со нашите партнери ќе го направиме чекорот кој е најзаштитнички кога се во прашање граѓаните и европската перспектива на земјата за подобро утре“, истакна министерката.

Таа заклучи дека СДСМ нема да носи избрзани одлуки. Со оглед на последните превирања во Алијанса ќе треба да се почека уште малку тие да си разјаснат по кој пат ќе продолжат, пред да се продолжи со носењето натамошни одлуки.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.