25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митрески: Имам еден став – државата да се движи напред, тоа е ЕУ и ние друга алтернатива немаме

„Таа одлука отпочна да се дискутира во партиските тела, бев известен, бев повикан на Извршниот одбор на СДСМ, каде што со акламација на едногласно беше донесена одлуката. Јас сум пратеник од 2014 година, тоа се 10 години и сум ги поминал сите скали во Собранието. Од пратеник, претседател на комисија, заменик координатор, координатор, со најдолг стаж. Беше одлука на Извршен одбор, потврдено на Централен одбор на СДСМ, а одлуката за претседател на Собранието ја носат пратениците. Предлогот беше пратен со 65 пратеници до Собранието, во моментот на гласањето имаше 64 гласа за, така се случи и изборот и денес сум на оваа функција,“ рече претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, во врска со изборот токму тој да биде претседател на Собранието.

На прашањето дали би бил повторно кандидат за пратеник на престојните избори, Митрески посочи дека е фокусиран е на функцијата претседател на Собранието со оглед на тоа дека функцијата носи голема одговорност.

„СДСМ е партија која што располага со голем кадровски потенцијал. Таа одлука ќе се носи во склоп на партијата, а ако партијата смета дека можам да придонесам, секако дека ќе бидам и на таа листа, листа на пратеници во поголема широка коалиција,што би настапила на изборите. За мене мене во овој момент е важно државата да се движи напред, да излеземе во пресрет на граѓаните, во овој период додека ја извршувам функцијата и секако во следниот период да ја добиеме довербата на граѓаните и да се движиме напред кон евроспката иднина. Имам еден став- државата да се движи напред, тоа е ЕУ и ние друга алтернатива немаме,“ потенцираше Митрески.