24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Секуловски: Политичарите да ги поштедат граѓаните од агресивните реторики за време на изборните кампањи

Оваа година имаме најмалку две етапи на избори, јас се надевам дека граѓаните ќе бидат поштедени од агресивни реторики, од настапи на кандидатите кои што можеби ќе подгреваат непотребна тензија. Сметам дека Македонија тоа треба да го остави во минатото, веќе верувам дека сме еволуирале во малку посериозно општество“, вели Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, на панелот на ЦИВИЛ “Ослободи го умот: Дезинформации и пропаганда“.

„Треба да се земе предвид дека самите политички партии, лидери на партии, кога има имаат пристоен однос кон публиката, кога имаат добар наратив, кога користат литературен јазик, без разлика дали е тоа македонски, албански или некој трет… на тој начин ги мотивираат своите следбеници, приврзаници на политичките партии, да го следат тоа добро однесување.

Но, ако го имаме обратниот ефект, тогаш е прашање на време кога некои следбеници на тие партии што се долу, сакајќи да се истакнат, може да направат нешто, за што потоа ќе зажалат.“, посочи Секуловски.

Извор: Civilmedia.mk