25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: После 50 години се гради нова градинка и во Центар, СДСМ се грижи за најмладите

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на објектот на градинката „Пролет“, чија што изградба е во финална фаза. Надворешниот дел на градинката е веќе готов, со енергетски ефикасна фасада, а во овој период се работи на внатрешноста. Според динамиката за изградба, се очекува во септември годинава да биде отворена за згрижување на децата од населбите Пролет и Маџир Маало.

„Се работи за најголемата градинка која што ќе има сместувачки капацитет за 150 деца, во која што ќе работат многу негуватели, многу воспиптувачки, која што навистина се прави по сите современистандарди. Она што вреди да се истакне е дека после 50 години ова е прва нова градинка што се гради во Општина Центар и чија што инвестиција изнесува 2,5 милиони евра од општинскиот буџет. Се сеќавате на времиња кога општинскиот буџет на Општина Центар се користеше единствено за жални врби, споменици и така натаму и немаше ниту едно ново училиште, ниту пак имаше нова градинка во тие мандати кои шти ги предводеше ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Ковачевски.

При тоа, претседателот на СДСМ Ковачевски, посочи дека платите на вработените во градинките во мандатот на Владата предводена од СДСМ се зголемени до 80-90% за воспитувачите и негувателките, а за 100% за техничкиот персонал. Од 2017 година до денес, отворени се или реконструирани вкупно 82 градинки низ целата држава, со опфат на над 8.000 деца.