16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Костовски: Социјалдемократскиот сојуз ги отвори вратите за секој којшто ги дели истите вредности и политики и се залага за интеграција во Европската Унија на државата

„Партијата на господинот Таравари Алијанса на Албанците е партнер во извршната власт. Тоа не е ништо ново, двајца коалициони партнери да разговараат во делот на спроведувањето на своите програмски определби за коишто коалицирале и направиле извршна власт односно ги поделиле ресорите. Социјалдемократскиот сојуз подолг временски период подаде рака, ги отвори вратите за секој еден којшто дели исти вредности и политики и се залага за интеграција во Европската Унија на државата да дојде рамо до рамо со нас дали е тоа партија или поединец“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски во неговото гостување емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21 во однос на одржаната средба меѓу Таравари и Ковачевски.

Тој додаде дека му пречи тоа што во последно време се дефинираат коалициите како етнички, меѓуетнички.

„Суштината на европскиот пат е да се направат вредносни коалиции, каде што СДСМ ќе биде стожерот на европски и евроатланските вредности за коишто се бориме сите овие години. Првата стратешка цел е остварена. Влез во НАТО. Втората стратешка цел е отварање на преговорите со ЕУ. Очекуваме во наредниот период проевропското расположение коешто се рефлектира на самите анкети на граѓаните, над 70% да се манифестира и преточи во еден фронт кој го нарекуваме проевропски фронт на граѓаните“, потенцираше Костовски.

Можеби ќе ве интересира

Безбедносните служби не се играчка: Филипче го предупредува Мицкоски да престане да ја злоупотребува државата за политичка драма

C +

Филипче: Мицкоски злоупотребува безбедносни институции за да ги прикрие кризите, ова е преседан

C +

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

C +