23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk, © copyright
.БИЗНИС

Србија на чекор до воведување социјална пензија, во Македонија се исплаќа уште од 2019 година

Србија размислува да воведе социјална пензија која се исплатува на најранливите категории пензионери. Овој вид помош веќе долго време постои во светот, а околу 100 земји исплаќаат ваква помош за своите најстари граѓани, а кога станува збор за регионот таква помош постои и во Македонија и Хрватска.

Оваа помош од државата, според српските медиуми, ќе изнесува 100 евра.

Социјалната пензија е посебен вид на државна помош, т.е. социјални бенефиции наменети за мажи и жени кои имаат над 65 години, а немаат приходи, ниту услови да ги добијат, ниту имот на нивно име.

Македонија исплаќа социјална пензија од 2019 година

Северна Македонија почна да ги исплаќа социјалните пензии во 2019 година. Условите се слични на оние во Хрватска. Социјална пензија во земјава можат да добијат сите жени и мажи над 65 години кои не ги исполниле условите за пензија или воопшто не работеле.

Висината на овој надоместок во Македонија на почетокот изнесуваше 6.000 денари.

Главен услов, како и во Хрватска, е лицето да е државјанин на Северна Македонија и да живее во земјата во последните 15 години.

Социјалната пензија во Македонија ја воведе Владата предводена од СДСМ во 2019 година, како мерка од програмата „План за живот“, а денес денес ја користат повеќе од 4.300 лица.