Во информативната програма на Слободен печат, претседателот на НСДП и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски зборуваше за очекувањата од техничката влада и работата на новиот премиер Талат Џафери и новиот спикер на Собранието Јован Митрески.
“Убеден сум дека Талат Џафери ќе биде одличен премиер, како што беше одличен претседател на Собранието. Убеден сум и дека Јован Митрески кој беше одличен координатор на пратеничка група, ќе биде одличен претседател на Собрание. Собранието функционира во полн капацитет, вчера добивме најмалку 10 закони од страна на Владата, согласно правилата новиот претседател се обрати до Владата и владата на седница заклучи дека останува зад подготвените закони и тие ќе бидат носени во соодветна собраниска процедура“ порача Мисовски.
Осврнувајќи се на изборот на празното место на член на Државната изборна комисија, Мисовски порача дека е потребно повеќе работа а помалку пропаганда,
Во соодветната комисија за тоа едно место во ДИК два предлога од две опозициски парти и кога таа точка се отвори на Комисија тие две партии почнаа меѓу себе да си прават филибастеринг, а за знаеме дека за гласање на член на ДИК треба да има двотретинско мнозинство. Да отпочнеме процес на консултации да го одбереме најдоброто решение и да го пополниме празното место во ДИК за да нема сомнежи дека избор прцес ќе има некој сомнителен тек. Треба помалку пропаганда а повеќе работа меѓу пратеничките групи“ порача Мисовски.