Centar.mk
НАУКА

(Видео) „Твитер“ преплавен со реакции за чипот на Маск: „Одам да живеам во пештера“

Илон Маск објави дека неговата компанија „Неуралинк“ првпат успешно вградила еден од своите безжични чипови во човечки мозок и – интернетот има многу да каже. Милијардерот на „Икс“ објави дека производот ќе се вика „телепатија“.

Тоа треба да овозможи да се контролира нечиј мобилен телефон или компјутер – со размислување. Неговата објава предизвика многубројни реакции на социјалните мрежи, а многумина ги потсети на филмови како „Матрикс“.

„Научнофантастичен хорор“, „Илон не ти е пријател“, „Одам да живеам во пештера“, „Дали работи на рецепт?“, „Хорор“, се дел од коментарите.

Секако, создадени се куп мемиња.

Можеби ќе ве интересира

„Какво патување“, се првите зборови на астронаутите по слетувањето на Земјата

C +

(Видео) Астронаутите на „Артемис 2“ слетаа на Земјата

C +

Екипажот на „Артемис“ се спушта на Земјата вечерва: вселенското летало ќе се претвори во огнена топка

C +