Денеска (01.02.2024) од страна на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај лице (23) во с. Ломница-гостиварско поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од КЗ. При претресот пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка.
Лицата се лишени од слобода во ПС Гостивар, извршен е службен разговор во кој едното лице (татко на 23 годишникот) појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со Јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.