Компанијата „Fresh line“ најави продолжување на проектот Договорно производство на бессемена лубеница и оваа година. Ланската успешна сезона ја потврди нивната идеја и амбиција за поголемо производство на бессемена лубеница, тренд кој го наметнуваат странските пазари и кои можеме да го следиме со наше производство.
-Плановите за 2024 година, следнава сезона ни се поприлично амбициозни, од две причини, прво поради успешниот пилот проект од 2023 каде што имамавме успешно производство и испорака на нашите купци кои изразија задоволство од квалитетот на бессемената лубеница. И второ од трендот на европските пазари, интересот е зголемен до толку што е исклучена семената лубеница од полиците на странските супер маркети. Во Европа се бара само бессемена лубеница и затоа ние мора да го фатиме приклучокот на тие трендови и да си ја вратиме позицијата на Македонија како добар производител на лубеница, да станеме рамо до рамо со производителите од Италија и Шпанија – изјави Станиша Ивановиќ од „Fresh line“.
Според најавите од заинтересирани земјоделци очекуваат поголема експанзија годинава што одговара и на нивните планови бидејќи се зголемува бројот на потенцијални купувачи кои сакаат бессемената лубеница, со што би ја покриле цела Европа.
-Ланската година поминавме добро, се што произведовме беше со одличен квалитет, земјоделците беа задоволни, тоа што го договоривме се испочитува. Производителите се уверија дека производството на бессемена лубеница не е поразлично од семената лубеница. Годинава како и лани нудиме договори со производители каде што вкупното производство ќе биде откупено со заштитина цена. Договорите може да вклучува авансирање на семето и расадот бидејќи тие се 60% поскапи од другата лубеница – изјави Борис Шуперлиски од „Fresh line“.
Договорното производство на бессемена лубеница лани беше поддржано од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Од компанијата ги повикуваат производители од земјоделскиот сектор да се охрабрат и да се одлучат за култури кои се бараат на странските пазари како што е случајот со бессемената лубеница. На тој начин ќе имаат сигурен пласман и очекувано зголемен профит. Најважно за конкурентно производство е професионалниот однос од страна на земјоделските производители, а тоа значи инвестирање, извршување на сите агротехнички мерки кои ќе доведат до поголем и поквалитетен принос, а со тоа и зголемен профит.
Извор: Агротим.мк/Бриф.мк