25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Битиќи: Продуктоводот со Грција ќе обезбеди поквалитетна нафта, поздрава животна средина и подобра цена

„Во финалната цена на нафтените деривати влегува и трошкот за транспорт, што значи дека ако се намалат за 30-40 отсто со продуктоводот со Грција и финалната цена треба да се намали. РКЕ веќе ги прави пресметките, но во секој случај ќе имаме поквалитетна нафта, поздрава животна средина и подобра цена“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој објасни дека нафтоводот со кој се превезувала сурова нафта од Грција сега е продуктовод во кој ќе се пренесува дизел гориво.

„Направена е техничка проверка на целиот нафтовод, со пуштање на уреди се проверува милиметар по милиметар и се чисти нафотоводот. Сите предуслови се исполнети и многу скоро би требало да пристинат првите литри“ рече Битиќи.

Вицепремиерот објасни дека со ова ќе се намалат трошоците за транспорт, но и помалку ќе се загадува животната средина, бидејќи нафтата нема да мора да се превезува со камиони или возови.