22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Реалните реформи и реалниот исчекор кон ЕУ ќе биде направен по 8 мај со формирање на владата од Европскиот фронт

„Сметам дека реалните реформи и реалниот исчекор ќе биде направен по 8 мај со формирањето на новата влада од европскиот фронт. Ги знаеме сите болки и во јавниот сектор и насекаде каде што треба да се интервенира и одредени активности се веќе започнати“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека следната влада ќе има поелсна задача за одредени реформи бидејќ веќе се започнати одредени активности.

„Треба уште мал временски период без кризи од надворешни влијание, за процесите да го дадат резултатот што сите го очекуваат“ рече Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека потребна е европска влада која ќе има јасен мандат од неколку години и јасна ориентација, бидејќи во кризи не може да се прават реформи.