Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Средба на раководството на Министерството за внатрешни работи со високи претставници на ОДИХР

Денеска, 31.01.2024 година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со висока делегација на ОДИХР предводена од г-ѓа Кеара Касталдо, виш советник за изборни процеси во Канцеларијата на ОБСЕ.

На средбата министерот Тошковски се заблагодари за соработката и напорите кои ОДИХР во континуитет ги вложуваат во насока на транспарентно спроведување на секој изборен процес во државата.

На прашање на г-ѓа Касталдо за нивната улога во изборниот процес, министерот Тошковски изрази верување дека најважно е што Мисијата на ОДИХР повторно ќе ја одигра една од главните улоги и во овој изборен процес и транспарентно ќе ја претстави целокупната ситуација на терен во насока на спроведување на фер и демократски избори.

Целото раководство на Министерството изрази уверување дека ќе бидат вложени максимални напори за учество во целокупниот изборен процес кој е пред нас со цел организирање и спроведување фер, демократски и безбедни избори.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК