Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Георгиевска: Техничката влада носи само партиски тргувања

Извршната директорка на Советот за етика на медиумите во Македонија во интервју за Студио на Слободен печат истакна дека техничката влада како концепт е одраз на недовребата меѓу политичките партии.

„Јас не очекувам којзнае што, оваа техничка влада како што сите знаеме носи само партиски тргувања. Очекувам да нема ефикасност и не сметам дека во недоглед ќе постои таква влада, но очигледно дека се уште постои недоверба меѓу партиите. Јас забележав една изјава од новите министри од техничката влада кој вели ако е во интерес на граѓаните, јас ќе отидам и во Влада. Тоа за мене е несфатливо, замислете, тој за тоа е избран, за тоа се изборила неговата партија за да го добие тоа место во владата, заради интересот на јавноста““ порача таа.

Георигиевска која долги години живеела во Британија ги спореди предизбирните кампањи таму и овде во нашата држава.

„Една битна разлика која е во полза на јавноста е дека таа кампања таму, како и времето и просторот што медиумите го даваат простор за политички партии и претставници се случува само две три недели и јавноста е поштедена од слушање партиски флоскули. Медиумите имаат задача во предизборен период да покажат независност, да не се биде пристрасен, но при тоа мора да бидат предизвикани, да ги прашаат политичарите, да преиспитаат ако нешто личи само на пропаганда а не на факт и вистина“ заклучи Георгиевска.

Можеби ќе ве интересира

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК