25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ордановски: Апсењата во Грчец може да се основа за професионално справување со криминалот

„Кога државата ќе реши искрено и професионално да се справува со криминали тогаш тешко кој може да остане заштитен од разноразни истражни дејствија и доказни постапки. Минатата недела се изненадивме со опсежната акција со апсења во Грчец. Имаше скоро невозможна мисија, апсење на еден од најголемите нарко-картели во Македонија. Во последните четири-пет години сите важни статистики се многу подобрени, откривање на тешки кривични дела. Нашиот проблем потоа се сели во судскиот систем откако МВР откако ќе обработи дел од својата работа“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека откривањето на лицата од Грчец доаѓа како реакција на притисокот што доаѓа на светско ниво за разоткривање на ваквите криминални здруженија.

„Во својата професионална кариера сум се занимавал со тоа како работи ДЕА. Тие работат по принципот на следење на каналите. Не е реализацијата битна само, да го уапсат тој што ја пренесува дрогата или тој што е на бродот. Туку оставаат до последната дестинација да видат како е поврзан целиот тој синџир. И потоа стапуваат во акција. Затоа сето тоа трае понекогаш со години. Кога ќе падне една голема мафијашка структура во Македонија не е тоа резултат на минатата недела“, потенцираше Орданоски.

Тој додаде дека во дистрибуцијата на дрога, за да бидеш транзитна зона мора да се регрутираат соработници, тие соработници потоа развиваат пазар на наркотици во Македонија.

„Кога падна она голема пратка Мијалков што ја реализираше, тогаш имаше и протести. Јас сум разговарал со клучни луѓе со години, тие операции во принцип не ги води Македонија. Навистина ќе биде пропуштена можноста ако операцијата се заврши со овие тврдокорните обвинети. Оливер Спасовски најави дека во тоа има мрежа“, заклучи Орданоски.