28.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Приведено лице за предизвикување на општа опасност во демирхисарско

Вчера, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода С.Ф.(36) од с.Суводол, демирхисарско. Имено, во ОВР Демир Хисар Н.С.(41) од с.Суводол пријавила дека била опожарена влезната врата од нејзиниот продажен објект во с.Суводол, а по преземени мерки и извршените оперативни проверки било констатирано дека сторител е С.Ф. – соопшти МВР.

Во службен разговор тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.