20.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Државата напредна девет позиции на Индексот за перцепција на корупцијата

Нашата држава напредна за два индексни поени и девет позиции на најновата листа на Транспаренси интернешнел, која што го оценува напредокот на земјата во борбата против корупцијата. Според Индексот на перцепција на корупција за 2023 година, Северна Македонија се наоѓа на 76. место со 42 индексни поени, споредено со 2022 година кога беше на 85. место со 40 индексни поени.

Од земјите во регионот имаме најдобри резултати. Без промени во однос на минатата година е Хрватска со 50 индексни поени и се наоѓа на 57 позиција. Најлошо рангирана, иако со напредок од еден индексен поен е Босна и Херцеговина, која се наоѓа на 108 позиција. Грција има пад од три места и се наоѓа на 59 место со 49 индексни поени. Црна Гора со напредок од 1 поен е на 63 место со 46 индексни поени. Албанија има напреднато за една позиција и се наоѓа на 67 место со 45 индексни поени. Бугарија има напреднато за две места и се наоѓа на 98 место со 37 индексни поени. Косово, без поместување со 41 поен е на 83 место, додека Србија нема поместување и се наоѓа на 104 место со 36 индексни поени.