25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Националната агенција за мобилност има амбициозна агенда за 2024 година

Во Студио на Слободен печат, Марко Ѓорѓиевски, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, истакна дека неговата институција за 2024 година има амбициозен план, имајќи предвид дека и во Македонија и во Европа тоа е година на избори.

„За 2024 година си дадовме еден амбициозен план, прво со отворање на канцеларија или подржужница во Битола, каде од Владата добивме простор на користење и во тек е јавна набавка за реконстреуктица. Започнуваме со снимање и емитување на поткасти, бидејќи видовме дека со буџетот што сега го имаме, имме огромен број на заинтересирани апликанти, меѓутоа она што сметавме дека недостастува е тие позитивни примери да се рашират бидејќи има огромен број на позитивни примери, дали се тоа мобилности или проекти кои треба да се споделат со широката јавност. Имаме двојно зголемен буџет за зелени активност, повеќе иницијативи за млади, ќе имаме посета на Европскиот парламент во април“ посочи тој.

Ѓорѓиевски најави дека годинава во план е да се вклучат што е можно поголем број на млади луѓе, но дека ќе бараат и апликации со поголем квалитет бидејќи од оваа 2024 година ќе има различен и построг пристап во програмата со цел да се спроведуваат што е можно поквалитетни и поинклузивни проекти.