„Уште немаме конечен став околу тоа дали ќе одиме на заеднички листи со коалиционите партнери од Владата. Се прават анализи, ги следиме анкетите, правиме отворени разговори, дебатираме во партиајта и во наскоро време би требало да го имаме кончениот став. Она што не обединува е тој Европски фронт, на кој основоположник е СДСМ“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во отворената програма на ТВ21.
Таа ги повика сите политички партии, политички субјекти, граѓанскиот сектор и поединции кои се за европската идеја да се приклучат.
„Ги отвораме вратите кон секоја политичка партија, политички субјект, граѓански сектор, поединици кои сметаат, знаат и очекуваат дека СДСМ на чело на Европскиот фронт ќе обезбеди Македонија да биде во ЕУ до 2030 година“ рече Лукаревска.
Заменик-претседателката на СДСМ истакна дека е убедена оти Европскиот фронт ќе издвојува победа на парламентарните избори, а пред тоа и на претседателските избори.
„Нема поубева и поцврста симболика од изборите на 8 мај и победата што ќе ја имаме како коалиција во пресрет на Денот на Европа – 9 Мај“ рече Лукаревска.