25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од шест ипол години, пронајдена дрога, пиштол…

Денеска (26.01.2024) на ул.„Јуриј Гагарин” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(34) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Исто така, Основниот кривичен суд Скопје има издадено уште две наредби за негово приведување поради сомнение за сторени уште неколку кривични дела „разбојништво“ и „недозволено држење на оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик за кои му била определена и мерка притвор.

При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени пиштол, бела прашкаста материја, дигитална вага и пари. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.