10.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Попова: Црно Собрание ја отвора програмата на „Силата ЕУ младите“ во Лабораториум, а забавата продолжува со ОВЦ Колектив утре

„Вечерва е концертот на средношколскиот рок-ен-рол бенд Црно Собрание од Никола Карев, како најмлади на платформата. Потоа, утре имаме денски рејв на задната сцена на Лабораториум ќе настапат четири диџеи на ОВЦ Колектив, млад колектив што се труди да внесе свежина на електронската сцена“ кажа Лаика Попова, лице за односи со јавност на иницијативата „Силата ЕУ младите“ во утринската програма на Слободен печат.

Таа додаде дека ќе има и други настани како дел од платформата, од кои повеќето ќе бидат музички и најави настапи и на бендот Занаду, како и издавање на плоча од најактуелните млади поп артисти.

„Секогаш има возбуда кога има можност да се издаде музика на винил. Тоа е најадекватниот носач на звук. Овој винил ќе се нарекува ‘Поп култура’. Ќе биде комбилација на дела од најинтересните наши поп артисти и се надеваме дека ќе остане како артефакт за една исклучително талентирана млада генерација на поп музичари кај нас“ рече Попова.

Таа објасни дека името на иницијативата е инспирирано од графит кој се наоѓа во главниот град, како и песна на Слаткар, која ја носи истата порака.

„Има еден куп млади, што се креативни, паметни, интересни, амбициозни. Преку оваа платформа ќе им се даде простор и ресурси за да се изразат. Се трудиме да создадеме континуирана комуникација и соработка. Името на иницијативата е инспирирано од еден графит што гласи ‘Силата ЕУ младите’ и преку песна на Слаткар“ рече Попова.