26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Нова грамофонска плоча “Поп култура” во издание на “Силата ЕУ младите”

„Секогаш има возбуда кога има можност да се издаде музика на винил. Тоа е најадекватниот носач на звук. Овој винил ќе се нарекува ‘Поп култура’. Ќе биде комбилација на дела од најинтересните наши поп артисти и се надеваме дека ќе остане како артефакт за една исклучително талентирана млада генерација на поп музичари кај нас“ кажа Лаика Попова од иницијативата „Силата ЕУ младите“ во утринската програма на Слободен печат.

Таа кажа дека на плочата ќе има песни од Дина Јашари, Зи бомб, Јанг Дади, Андреа Салпе и останати популарни млади поп изведувачи.

Програмата на иницијативата „Силата ЕУ младите“ започнува денес во Лабораториум со настап на средношколскиот рок бенд Црно Собрание.

„Вечерва е концертот на средношколскиот рок-ен-рол бенд Црно Собрание од Никола Карев, како најмлади на платформата. Потоа, утре имаме денски рејв на задната сцена на Лабораториум ќе настапат четири диџеи на ОВЦ Колектив, млад колектив што се труди да внесе свежина на електронската сцена“ кажа Попова.

Таа објасни дека името на иницијативата „Силата ЕУ младите“ е инспирирано од графит во Скопје и песна на Слаткар, која ја носи истата порака.