20.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лескаровска: Работиме на градење Национална стратегија за туризам со која ќе ја промовираме Северна Македонија како туристички бренд

Директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Јасмина Лескаровска во интервју за Слободен печат истакна дека на државата и се потребни сеопфатни анализи на состојбата во туризмот.

„За да бидеме во чекор со светските туристички текови потребна е Национална стратегија за туризам, создавање на дестинациски менаџмент организации-ДМО- “Destination Management Organizations (DMOs)”, развој на зелени политики и одржливост на дестинациите. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го приоретизира развој на оддржливиот туризам што обезбедува зачувување на природниот, културниот и духовниот амбиент градejќи силни врски со локалното население и поддржувајќи го локалното производство“ рече Лескаровска.

Според неа, потребно е секторски и институционално да се фокусираме на реалните можности и точките за подобрувања кои треба да резултираат со прилагодување на законот за туристичка дејност, за решавање на проблемите со кои се соочува туристичкиот сектор, доколку сакаме вложувања и развој на туризмот. Вложување во човечкиот капитал, валоризацијата на дестинацијата низ различни форми на туристичка понуда, нов развој на долгорочна стратегија во туристичката индустрија, доволно флексибилна за да одговори на се поистенчените вкусови на новите патувачи и новите трендови во светскиот туризам.

„Една од целите идентификувани во акцискиот план за развој на туризмот за Северна Македонија од страна на Светската туристичка организација (UNWTO) е да се развие бренд стратегија и да се промовира Северна Македонија“ заклучи Лескаровска,