17.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лескаровска: ИПАРД компонентите и ЕУ фондовите имаат важна улога за развој на нашите рурални средини

Рамномерен регионален туристички развој е предизвик за сите во туристичката индустрија, тоа би вклучувало и развој на руралниот и еко туризам кој бележи светски раст, вели Јасмина Лескаровска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Зајакнување на туристичката понуда во руралните области е возможна, преку градење на зелени и одржливи дестинации, но прво да се донесе Стратегија за развој на рурален туризам. Изработка на национална стратегија за развој на руралниот и екотуризмот како приоритетни туристички форми е значајна за локалниот економски развој, зголемување на работните места во тие области и намалување на миграцијата село-град. Истата може да биде изработена во соработка со домашни и странски експерти, а ќе вклучува и едукација на туристичкиот сектор, унапредување и подобрување на животот на руралното население во руралните населени места, со што би се овозможило значителен регионален развој на туристичките дестинации во земјава. Развојот на руралниот туризам ја истакнува автентичноста на дестинацијата, квалитет на услуга како вкупна перцепција од сите точки на контакт со локалното население, култура и начин на живеење“ смета Лескаровска.

Според директорката периодов ни покажа дека еко и руралниот туризам се една од основните работи за одржливост на сите туристички дестинации и туристички сектори, додавајќи дека ИПАРД програмите имаат важна улога во развојот на туризмот.

„Генерално ние можеме да се фалиме со еко предели, но кога говориме дека треба да работиме тоа значи дека треба да овозможиме услови. Генерално треба да се подобри и зајакне учеството во меѓуграничната соработка, се повеќе треба да ги користиме ИПАРД компонентите и ЕУ фондовите во нашите рурални средини, токму за развој на овој вид туризам“ порача Лескаровска.