10.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Орданоски: Победничката атмосфера во вториот круг во принцип продолжува со победа

„Првиот круг од претседателските избори се недела дена пред вториот круг кога ќе се одржат и парламентарните избори. Ако има неколку албански кандидати со неколку македонски во етничка смисла во партиите, со тоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на СДСМ ќе влезат во вториот круг, битно е со колку гласови кој како би влегол“ изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека во секоја изборна постапка начинот на кој се одвива вториот круг, во јавноста победничката атмофера во принцип продолжува со победа.

„Атмосферата во која вториот се бори за пресврт е многу потешка ситуација. Кој и да е кандидат во македонскиот блок а тоа веројатно ќе биде кандидат на СДСМ тој ќе ги губи евентуално гласовите од етничките Албанци за неговата кандидатура. Се плашат дека тоа ќе ги доведе во нерамноправна позиција“ заклучи Ордановски.