Европската иднина е клучна за граѓаните и за државата. Членството во ЕУ носи европски стандарди, повисок животен стандард на граѓаните, повеќе работни места, повисоки плати и пензии, подобро владеење на правото, уште подобро владеење на демократијата, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови, соопшти СДСМ.
„Трасиран е патот државата да биде дел од европското семејство до 2030 година, но ДПМНЕ го блокира напредокот кон членството во ЕУ.
Блокадите на ДПМНЕ, се на директна штета на државата и на народот, водат во изолација и неизвесност, економско назадување, иселување на младите.
ДПМНЕ не може да ја обезбеди европската иднина, не може да донесе добро за граѓаните.“ – се вели во соопштението.