23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Хаосот со ЈСП е пример што следи кога ДПМНЕ ќе добие власт

-Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје а ЈСП го доведе на раб на функционалност, да нема автобуси, вработените да не може да земат плата, соопшти СДСМ.

„Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се префрлат средства да може да им се исплати плата.

Срамно, тажно и само заради лични хирови на Мицкоски, советниците на ДПМНЕ се противеа на доделување финансиски средства за да може да функционира ЈСП.

Мораше да биде свикана уште една седница на барање на советниците на СДСМ за да може да продолжи со работа ЈСП а вработените да земат плата.

Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ, додека нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира тие не преземаат ништо.

Членовите на Надзорниот одбор исто така се од ДПМНЕ.

Цели 2,5 години ДПМНЕ го кочи проектот за БРТ, проект за кој има пари, проекти, има се, само се кочи заради шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

На Скопје повторно му се случува катрофа!

Хаосот што се случува во ЈСП и во Скопје е пример за тоа следува откако ДПМНЕ ќе добие власт.“ – се вели во соопштението.