23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Џејмс О’ Брајан: Граѓаните на Северна Македонија ќе решат- напред кон ЕУ или празни ветувања

„Ми беше кажано дека некој ќе ме праша за ваков нон-пејпер, незнам ништо за тоа останувам на тоа што го кажав во ноември, а и тоа што го кажав денес. Сметаме дека тоа зависи од граѓаните на Северна Македонија да решава за пат понатаму. Сметам дека една партија предлага пат напред и прифаќа критики за тоа што на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин со кој ќе се придвижат напред и мислам дека правично е граѓаните на државата да ја прашаат таа партија за овој нон – пејпер и тие да одлучат помеѓу визијата што ја знаат и помеѓу она што се дава како ветување,“ рече помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’ Брајaн во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање околу постоењето на „нон пејпер“ на албанските политички партии со кој ќе се обврзат да не коалициираат со партија што во следните шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени.

На прашањето за тоа како ја гледа перспективата помеѓу Косово и Србија и која е пораката кон господин Курти и господин Вучиќ, О Брајан посочи: „Ние го поддржуваме патоказот кој што беше договорен токму во оваа земја во Охрид минатиот март и веруваме дека двете земји треба да го разработат процесот на дијалог за да го следат тој патоказ.“ ‎