24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Џејмс О’ Брајан: Северна Македонија и САД ќе продолжат да работат заедно на траекторијата на земјата кон Европа

„Што е поразлично кога станува збор за овој план, затоа што овој регион има видено многу иницијативи и би сакал да се фокусирам на две работи. Едната е дека придобивките доаѓаат брзо. Со оваа програма во размена за реформи земјите ќе добијат пристап до единствениот пазар на ЕУ ,а премиерот кажа дека тоа е навистина многу богат пазар на потрошувачи, на бизниси кои што чекаат да се вклучат со луѓето од овој регион, тоа е навистина голема придобивка. И таа доаѓа многу брзо. Дискутиравме за две практични идеи, едната би ги намалила надоместоците кои треба да се плаќаат за пренос на пари со што на луѓето ќе им заштедиме околу 500 милиони евра на годишно ниво, но се работи за 5 проценти на секој пренос на Европа кон регионот. Исто така зборувавме за проширување на зелените ленти кои исто така се едни од најважните чекори кои ги има преземено ЕУ за да му дозволи на овој регион да тргува,“ изјави на прес конференција помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’ Брајaн во Скопје,оценувајќи го како интересен и возбудлив состанокот кој на едно место ги обедини лидерите на шесторката од Западен Балкан.

О’ Брајан зборувајќи за Планот за раст на ЕУ, посочи дека некои земји во регионот ќе напредуваат побрзо, некој може да заостануваат во некои иницијативи да имаат помалку придобивки но ќе зависи од граѓаните на секоја земја да одлучат дали им се допаѓа она што го прави нивната влада за да ја искористи оваа прилика.

„Ние како САД сметаме дека е во наш интерес да се задоволат интересите на граѓаните на Западен Балкан и Владите да имаат поблиска врска со Европа. Затоа мене ми е гордост што сум тука неделава во Скопје со премиерот на неговата последна меѓународна средба во овој мандат, но ве уверуваме дека Северна Македонија и САД ќе продолжат да работат заедно на траекторијата на земјата кон Европа. Луѓето на оваа земја ќе имаат јасен избор во претстојните месеци помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат, а од гледна точка на САД ние сакаме да ја видиме Северна Македонија дел од Европа колку што е тоа можно побрзо. Затоа ми е драго што сум дел од оваа иницијатива, “порача О’ Брајан.