Викендов имаше интензивни врнежи на снег, можеби снежната покривка не беше толку висока колку што беа интензивни врнежите екипите на ЈП Македонија пат беа 24 часа на терен и успеаја да се справат со предизвикот што го имавме, порача во Студио на Слободен печат, директорот на ЈП Македонија пат, Костадин Ацевски.
„Беа употребени големи количини на абразивен материјал мешавина од сол и ризла и успеавме да не дојде до поголеми проблеми и застои во сообраќајот односно навремено да интервенираме секаде каде што е потребно“ порача Ацевски.
Тој повика граѓаните, возачите сериозно да ги сфатат сложените зимки услови за возење и да ги почитуваат забраните и сообраќајните прописи.
„Ние сите мора да сфатиме дека возењето во зимски услови не е авантура туку бара голема одговорност, претпазливост, големо почитување на пропишаните законски норми за користење на зимски гуми, користење на зимска опрема истата да не биде само за покажување пред полиција, туку кога ќе ни затреба во даден момент да се употреби. Треба да се почитуваат сите забрани за движење, посебно на специјални товарни возила, но за жал имаме многу несовесни возачи. Ние соработуваме со МВР, нашата ингеренција е во делот на давањето на забрани на движење на одредени категории возила на одредени патни правци а нивната надлежност е во делот на спроведување на тие забрани. Но за жал има многу несовесни возачи кои не ги почитуваат забраните, кои успеваат некако да се протнат и да направат проблеми. Изминатиов викенд имавме случај и покрај забраните на превојот Стража, да поминат голем број тешки товарни возила кои за среќа и со наша навремена интервенција не предизвикаа некоја пречка во сообраќајот“ посочи Ацевски.