Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Наместо модерен превоз со БРТ скопјани страдаат од неспособноста и инаетот на ДПМНЕ

-ДПМНЕ го уништи ЈСП Скопје. Само заради лични хирови на Мицкоски го блокираше проектот за новиот еколошки јавен транспорт БРТ, соопшти СДСМ.

„Да не го кочеше проектот за БРТ, немаше денес граѓаните на Скопје да се соочуваат со проблеми како да стигнат на работа, како учениците на почетокот на второто полугодие да стасаат на настава.

Наместо да имаат модерен превоз со БРТ, проект поддржан од ЕБОР, за кој има обезбедено средства од 70 милиони евра, скопјани страдаат од неспособноста и инаетот на ДПМНЕ.

Хаосот што се случува во ЈСП и во Скопје е пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК