Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

343 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 343 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 169 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 174 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

АПСЕЊА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ СКОПЈЕ: 9 лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Кривични пријави за повеќе лица – Овозможиле лице да користи дв идентитети

ДЕСК

Хорор за наставничка од Кавадарци откако го оставила профилот на социјална мрежа неодјавен, а колешка го искористила тоа – реагираше полицијата

ДЕСК