25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 9 часот

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, на ден 22 и 23 јануари ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 09:00 – 16:00 часот, извести АМСМ.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.