Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Јовановски: Многу е веројатно по парламентарните избори да влеземе во нови изборни циклуси

Зборувајќи за она што ќе донесат следните избори, новинарот Борјан Јовановски во студио на Слободен печат истакна дека е многу веројатно по распределбата на мандатите, да не може да се состави влада и да има повторен изборен циклус.

„Комбинниците што сега се прават и доста цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени, притисокот од стратешкиот партнер САД, па дури и притисокот од јавноста и ако сите тие парчиња се обидете да ги склопите, тешко дека ќе ја составите целата слика. И затоа велам дека е многу возможно да се случи нов изборен циклус.

Според Јовановски важно е политичките партии кои ќе ја добијат довербата од граѓаните, да се водат од разумот и да работат за иднината на државата.

„Верувам дека ќе дојдеме во ситуација во која мнозинството на политичката сцена ќе биде детерминирано од разумот“ заклучи Јовановски.

Можеби ќе ве интересира

Големо апсење утрово на македонската полиција

ДЕСК

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

ДЕСК

Честитка од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

ДЕСК