Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, побара одговорност од Советот на Град Скопје поради најавениот прекин на работа на ЈСП поради неисплатената декемвриска плата.
„Оние одлуки што беа за редовното функционирање поврзани со буџетот на Град Скопје уредно ги доставив до Советот и до претседателот, дури свикав и една итна седница, на која тој со своето дискреционо право одлучи точките што беа најважни за претпријатијата на Град Скопје да ги отстрани од дневниот ред. Како што можете да видите, побаравме нова вонредна седница, таа сè уште не е свикана до денеска. Јас се надевам дека првин ќе понесат одговорност со функцијата што ја имаат, а доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна, ние од наша страна сè што сме можеле, сме направиле“, рече Арсовска.
Арсовска,меѓу другото, објави и дека службите на Градот детектирале еколошка катастрофа на парцела од 4.000 квадратни метри приватен имот и 5.000 квадратни метри имот на Македонија во близина на реката Лепенец, на само неколку стотини метри од новата прочестителна станица што ја гради Ѓорче Петров, а е финансирана од ЕУ.