9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасувачка акција утрово на Галичица: Со возило се искачиле по затворениот пат, се заглавиле и барале помош

Спасени се лица кои со своето возило се искачиле на Галичица, по патниот правец кој долго време е затворен за моторни возила.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи, повикот за помош стигнал рано утринава, а акцијата траела од 5 до 8 часот.

Веднаш била известена Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат.

Паралелно, службите комуницирале со лицата во заглавеното возило за да дознаат повеќе за нивната состојба, по што ги информирале дека спасителите се на пат за нивно извлекување.