10.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Зелената нафта е „црно злато“ за германските земјоделци, македонските ја добиваат со 50 отсто субвенција

-Субвенциите се важни за земјоделците, а финансиска поддршка овозможува развој за најразлични гранки во земјоделието како тутун, лозарството, производството на зеленчук и овошје, овчарството, козарството и органското производство, но и производи со пониска продуктивност кои се важни за обезбедување на основна храна за населението, како житните култури и кравјото млеко. На овој начин се создаваат услови за зголемување на извозот, но и намалување на увозот на дефицитарните прехрамбени производи, стимулирајќи го домашното производство, пишува Слободен печат.

-Германските земјоделци веќе една недела протестираат поради укинувањето на субвенциите, но и затоа што сметаат дека политичките одлуки се носат без нивно учество. Протестите избија поради одлуката на Владата да ја укине субвенцијата за зелената нафта во обид да се балансира буџетот за 2024 година, откако одлуката на Уставниот суд ги наруши плановите за трошење на буџетот.

-За разлика од Германија, Владата преку новиот пакет на антикризни мерки се насочи кон најранливите категории на граѓани, а за земјоделците кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и кои се занимаваат со сточарството, Владата предвиде 8,1 милиони евра.

За 2023 година во земјоделскиот сектор исплатени се вкупно 157 милиони евра, а оваа година беше посветена на малите производители, а доделени беа над 450 договори за грант од 10.000 и 5000 евра, успешно реализирајќи ги програмите за поддршка во набавка на опрема за малите производители на храна, малите винарии, малите дестилерии и мерката бизнис план во земјоделството.

Но, субвенциите се важни и за сите даночни обврзници бидејќи, според податоците што од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, годишно Буџетот го чинат околу 110 милиони евра. Или, во последните цели пет години, од 2017 заклучно со 2021 година, исплатени се околу 552 милиони евра за субвенции во земјоделството.

Минатата година 50.000 земјоделци добија електронска картичка за субвенционирано гориво. За оваа мерка беа обезбедени 275 милиони денари. Финансиската поддршка е 50 проценти од трошоците за набавка на дизел гориво, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство.Висината на поддршката зависи од видот на културата и големината на површината која е пријавена во барањата за финансиска помош. Корисници се полјоделците, овоштарите, лозарите и градинарите. За житните култури поддршката за хектар изнесува 1.400 денари, за индустриските скоро 2.000, а за градинарските и лозовите култури 4.000 денари. Во овоштарството субвенцијата изнесува 5.000, а за ореви и питоми костени 2.600 денари за еден хектар, пишува Слободен печат.