3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Каевски: Антикорупциска да постапи по скандалот на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Државната антикорупциска комисија треба да постапи во однос на сомнителните јавни набавки со нереални, астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ.

Аферата на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти до крај.

Ова се договорите за спорните јавни набавки по астрономски суми, неколкупати над реалните цени.

Опшина Битола потрошила речиси 50.000 евра а општина Велес околу 40.000 евра за јавна набавка на машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали.

Многу други општини како Илинден на пример, но и Центар и други набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола.

Овие факти се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните и за корупција.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Очекуваме антикорупцската комисија да преземе мерки.

Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК