24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Драстични реформи со радикални чекори во иднина треба да се спроведат во судството

„Драстични реформи со радикални чекори во иднина треба да се спроведат во судството.Тоа е независна власт и судската фела е исправена пред тој предизвик. Ако јас имам една ефикасна и даночна управа, тоа е обврска моја и на даночните службеници. А ако судството сакаме да го гледаме како дел од општеството, кое што е независно и транспарентно и навистина ги почитува законите и уставот за тоа треба да се погрижат судиите. Меѓутоа не смееме да ја заборавиме и целата онаа подршка од меѓународната заедница која што секојдневно ја слушаме и секоја нивна критика најдобронамерно треба да се прифати,“ рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ во емисијата Трилинг на ТВ 24, осврнувајќи се на случајот со М-НАВ и одлуката на судот.

На прашањето за предизборна коалиција со ДУИ и заеднички изборни листи, Лукаревска посочи дека сеуште се прават анализите во делот на заеднички листи и пост изборни коалиции.