Изминативе денови од 10 до 12 јануари министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со најблиските соработници оствари работни посети во Вашингтон, САД, каде оствари повеќе работни средби со клучни претставници на американските државни институции.
Темите на кои се разговараше се борбара со криминалнот, поддршката на САД во унапредување на капацитетите на криминалистичките истраги, црната листа на САД и последиците на неа врз одбележаните лица.
Пораките на министерот Спасовски на сите средби се дека остануваме силно посветени на стратешкото партнерство, борбата со криминалот и корупцијата и интегративните процеси.
„Да победат чесните наспроти корумпираните“, е клучната порака на од средбата на министерот за внатрешни работи Оливр спасовски и Џејм О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија во Вашингтон.
Екпертите за безбедност го поздравуваат продлабочувањето на соработката со САД и стојат на ставот дека самостојно можеме да постигнеме само делумни резултати, а го посочија и фактот дека клучни луѓе во администрацијата на Бајден го поздравија лидерството на Спасовски во напредокот на држават. Професорот Никола Дујовски, декан на Факултетот за Безбедност во Скопје оваа посета на Спасовски ја оценува како доказ за силната соработка што ја имаме воспоставено со Соединетите Американски Држави и потврда дека ќе останеме нивниот најсилен и најстабилен партнер во регионот.
„Министерот Спасовски заедно со најблиските соработници е за да оствари бројни средби од коишто веќе видовме дека има една срдечна желба за продолжување и продлабочување на соработката којашто за нас е многу значајна. Ние и до овој момент како држава многу тесно соработуваме со властите и особено со внатрешната безбедност на Соединетите Американски држави за движењата на мигрантите, движењата на терористите, поврзано со сајбер криминалот. На овој начин сега ќе добиеме уште посилна потврда програмите коишто ИЦИТАП а тоа е канцеларија којашто ги финансира обуките во криминалистичките истраги ќе продолжи и понатаму“, дециден беше професор Дујовски.