9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Добредојде за премиерот на Ирска, Лео Варадкар

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ денес го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија.

„Денес му посакав добредојде во Скопје на премиерот на Ирска, Лео Варадкар.“Премиерот Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот.

Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во време кога продолжуваат преговорите за проширување на ЕУ.

Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и државата.

На билатералните средби со Премиерот Варадкар ќе разговараме за „локалните и регионалните“ безбедносни прашања, како и за процесите што се во тек за членство во ЕУ.

Тема на разговор ќе бидат реформите потребни за влез во ЕУ, „предизвиците на Западен Балкан“, војната во Украина и Газа се дел од темите за кои ќе се разговара и на билатералните средби, како и споделувањето на искуството и знаењето за тоа како побрзо да стасаме до Европската Унија.