Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада под палка на Џафери

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница на Извршниот комитет донесе одлука да учествува во техничката влада, но да се воздржи од гласање за неа, информираше вечерва Тимчо Муцунски, член на ИК.

Се очекува, кажа тој, на Централниот комитет на партијата да го овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада, а нивните имиња ќе бидат соопштени после Водици.

Партијата, меѓу другото, вечерва ги избрала 472 делегати за конвенцијата за избор на кандидатите за претседател на државата.

Можеби ќе ве интересира

Нова трагедија го потресе Скопје: Млад скопјанец пронајден починат во дом во Кисела Вода – соопштен идентитетот, наредена обдукција

ДЕСК

Возач удрил млад пешак на кружен тек во Скопје и побегнал

ДЕСК

Акција на СВР Скопје: Приведени лица од Македонија и Хрватска

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.