28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Внимание: Граѓаните сметаат дека треба малку повеќе да гледаме кон иднината, а не кон спомениците назад

„Што мислите за враќањето на споменикот на Ќосето во Скопје и дали „Касапот“ е лик кој обединува или разединува“- граѓаните за анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, даваат различни одговори.

Повеќето анкетирани млади лица воопшто не знаат за споменикот, ниту пак за Ќосето, ниту ги интересираат спомениците. А во однос дали е лик кој разединува или обединува, граѓаните велат дека историски лик со прекар „Касапот“ не е симбол кој обединува, туку симбол кој разединува.
Сепак, мнозинството анкетирани воопшто не се заинтересирани за споменици, туку за решавање на други проблеми – „треба малку повеќе кон иднината да гледаме, а не кон спомениците назад“, вели еден граѓанин. Друга граѓанка вели дека е повеќе заинтересирана за животниот стандард, отколку „дали ќе биде споменик на тој лево или десно“.

Во однос на тоа дали на Скопје ми требаат модерни згради или споменици дивоградби, дел од граѓаните рекоа дека подобро е модерни згради, а останатите дека ниту едно од наведените работи не е потребно. Велат доволно се згради и споменици, тие пари може да се вложат во здравството, во борбата против загадениот воздух и зеленило.

На прашањето дали на местото каде што беше споменикот пред судот, е подобро дрво или фонтана да има, граѓаните велат:. „Јас сум за зеленило секогаш“, „Дрвата се есенција, не можеме да бидеме без нив“. Граѓанката која предлага фонтана вели: „Фонтана, фонтаните придонесуваат за поубаво „Фенг шуи“, а поубавото „Фенг шуи“ предизвикува подобра психологија“.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК